Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжил со контролите во областа на сообраќајот при тоа на територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, три за возач почетник, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три за некористење сигурносен појас, осум за возење под дејство на алкохол и три санкции за минување на црвено светло.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.