Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.
– Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница, појасни Нерков.
Од СВР Велес го потврдија случајот.
-На 10.09.2024 во 03.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода В.Ѓ.М.(32) од Квадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, рекоа од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.