Утрово во 03:50 часот се излизгал камион влекач на патот на Струмица-Радовиш, во близина на крстосницата за селото Градошорци.

Според првичните информации од полицијата, во незгодата во која учествувал камион влекач возачот бил полесно повреден, а сообраќајот до 8 часот се пренасочуваше по спореден пат.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, сообраќајката се случила на делницата од патот меѓу местото „Слобода“ и крстосницата за селото Градашорци, а увид извршила полицијата.

Повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.