риесет и тројца мигранти биле откриени од полицијата вчера во приколка на камион во близина на Старо Нагоричане.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11.15 часот  полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане дале знак за запирање на товарно возило „сканија” со велешки регистерски таблички, по што возачот застанал и го напуштил местото на настанот.

– При преглед во приколката биле пронајдени 33 лица мигранти – 25 од Сирија, пет од Конго, две од Ирак и едно од Нигерија, информира МВР кое презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.