Дванаесет мигранти од Непал вчера се пронајдени на патот Табановце-Куманово во возило „фолксваген пасат“, управувано од српски државјанин.

Вчера околу 17:50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија, информираат денека од МВР.

Мигрантите биле во возилото „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило.

М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.