На 12.11.2024 полициски службеници од СВР Битола по претходно добиена наредба за претрес од Основен суд Битола, извршиле претрес во Битола, во дом сопственост на А.Ј.(35) од Битола.
При претресот биле пронајдени и одземени една дозвола за оружје, 91 патрони за ловна пушка, 39 куршуми различен калибар, топовски удар, делови за оружје, како и различни предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела.
А.Ј. бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.