Денеска во раните утрински часови тим од тројца пожарникари од Струмица го извлече телото на Д.М. (43) , кој вчера се удави во водите на Дојранското Езеро.

И од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.

Инаку, МВР соопшти дека вчера во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.