Вчера во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“. Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“.
Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.