Вчера во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(60) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Љ.(59) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Ф.М.Љ.(33) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.