На 18.11.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Воин Драшкоци“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Д.(32) од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна бригада Скопје пожарот бил изгаснат, а пов редени лица нема. Увид бил извршен.
Исто така, на 18.11.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„23 Октомври“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С.(38) од Скопје, од кој било зафатено и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(77) од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна бригада Скопје пожарот бил изгаснат, а повр едени лица нема. Увид бил извршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.