Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на маркет на „Стокомак“ пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, во гаснењот на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири и да предизвика големи материјални штети.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати и по извршениот увид треба да биде познато како дошло до опожарување на магацинските простории.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.