Ставен е  под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

(фото: МИА)

ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

(фото: МИА)

Oд Центарот за управување со кризи велат дека според пријавата, запален бил шамак, а пожарот брзо се ширел. Пожарот бил на нива од 10 -15 декари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.