Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и грмушки) и во Општина Демир Хисар во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.