Изгаснат е пожарот што избувна попладне под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет патнички автомобили.
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.
Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, информира Томевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.