Изгаснат е пожарот кој денеска попладне го зафати Чобанско маало во каменичкото село Костин Дол.

Се работеше за пожар кај местото викано Бушилка, при што беше зафатена борова шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Површината зафатена од пожарот не е утврдена.

Покрај екипи на ТППЕ Македонска Каменица во гаснењето на пожарот учествуваше и дел од месното население.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.