Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија на криминалистички работи Прилеп, вчера во 13:30 часот во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Б.А.(25).

Тој се сомничи дека околу 00:30 часот на ул. „Круме Волнароски“ во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.