Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува, за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги преземаме сите мерки што ги имаме на располагање, се наведува во денешното соопштение на скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“.
Во врска со инцидентот, што вчера во попладневните часови се случи во подземните нивоа на трговскиот центар, како што се посочува во соопштението, компанијата е во комуникација со надлежните органи и соработува за што побрзо да се расветли случајот.
Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори, истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни, се истакнува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.