Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18:10 часот го лишиле од слобода 33-годишниот А.К. од тетовски Копачиндол.

Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица, дека на Хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет.

Од СВР Тетово велат дека А.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.