Ѓорѓи Ѓолев, претседател на Централното претседателство на партијата Десна, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го објасни односот кој го имал со осомничениот Љупчо Палевски-Палчо.
Тој рече дека со него имале интензивна комуникација за активностите во партијата и оти често во просториите ги забележувал и останатите обвинети, кои според него имале поданички однос кон Палевски и никогаш не му се спротивставувале.
Како, да му се умилкуваа. Влатко дури таму правеше кафе и јадење, се присети сведокот.
Ѓорѓи и Љупчо се слушнале и на денот кога сведокот бил повикан на распит во полиција.
Разговаравме кратко и му кажав дека сум повикан за нешто во врска со возилото на сопругата, откри тој.
На прашање на судијата како разговарале тој одговори на Телеграм.
Претходно сопругата на Ѓолев сведочеше зошто нивното возило „рено кангу“ се нашло во рацете на Панчо и останатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.