Министерството за внатрешни работи со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.
Министерството за внатрешни работи претходно потенцираше дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето уште од моментот на пријавување за нејзиното исчезнување од страна на нејзината мајка, која случајот во полиција го пријави вчера во 08:35 часот.
За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР.
Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.
Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица
-
Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.
-
Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато
-
Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови
-
Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.
-
Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни
-
Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.
И мајката на девојќето, Зорица Ѓорчевска, замоли да не се шират дезинформации кои ѝ штетат на истрагата.
Секој кој има било каква информација да се јави во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.