Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња трае трет ден.
Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата, а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото, а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.
Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.
Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.