Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „хонда“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.