СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(50) од Охрид и против правен субјект-негова сопственост со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 12.10.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека З.М. превезувал патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и И.С.(50) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 03.10.2022 на ул.„7-ми Ноември“ во Охрид, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „мерцедес“, сопственост на правното лице, превезува патници без да поседува соодветна лиценца за возилото кое го управува.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и З.К.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 12.10.2022 на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „рено“ сопственост на правното лице, превезува патници без да поседува соодветна лиценца за наведеното возило.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(65) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 24.08.2022 на патот Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „опел“ превезува патници без да поседува соодветна лиценца од надлежен орган.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(61) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 16.08.2022 на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „форд галакси“ превезува патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници од надлежен орган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.