Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР
Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети.

Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М. .

Тие се задржани вополициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.