– На граничниот премин Богородица, денеска, во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Како што соопшти МВР, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон.
-Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник. Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.