Вчеравечер во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар, по што го напуштило местото.
Како што соопштуваат од МВР, возачот набрзо бил пронајден и приведен.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.