Вчера во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар.

Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 – а став 3 од Кривичниот законик.

Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.