ЦУК информира дека се уште е ективен пожарот во село Блаце, Општина Чучер Сандево, каде гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен. Состојбата ја следат вработените од ЈП „Македонски шуми“.

Деталите, со време на случување и гаснење на пожарите, во Скопскиот регион каде што има се уште еден активен пожар, се:

Активни пожари во Скопско – 1:

– Општина Чучер Сандево, с. Блаце (гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен) Инаку, пожарот се следи од вработени од ЈП „Македонски шуми“;

Изгаснати пожари во Скопско – 6:

1- Општина Студеничани, с. Горно Количани (стрниште и нискостеблеста шума) локализиран во 18,45ч.;

2- Општина Сарај, с. Љубин (шума и стрниште) локализиран во 22. 00 часот;

3- Општина Гази Баба, с. Страчинци (стрниште) локализиран во 18.45 часот;

4- Општина Гази Баба, обиколница кај с. Стајковци (стрниште) локализиран во 20.50 часот;

5- Општина Сарај, езеро Треска (ѓубре) локализиран во 21.15 часот и

6- Општина Карпош, с. Злокуќани (ѓубре) локализиран во 22.30 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.