Нов голем пожар денеска повторно избувна во Пехчево. Според информациите на Прес 24, повторно се мобилизира населението за гаснење на оваа голема стихија. Локалците оттаму јавуваат дека овој е многу полош од претходниот.

Гори местото викано Буковиќ, на три километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата.

Алармираат дека покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време. Позитивно е тоа што веќе во овој регион има подготвени служби за гаснење.

Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови.

На терен во гаснењето се противпожарните екипи и локалното население. Повеќе информации се очекуваат наскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.