На 01.08.2023 околу 13.50 часот во село Кучково, Скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.С.(50) од с.Ласкарци, Скопско.

Како што информираат од МВР, во наведеното време, полициски службеници го затекнале лицето како со товарно возило го попречува нормалното движење на сообраќајот во село Кучково.

Откако му било посочено дека сторил прекршок согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и дека ќе му биде поднесен прекршочен платен налог, тој извадил 1000 денари, ги фрлил во службеното возило и од полициските службеници побарал да не му пишуваат казна.

Веднаш потоа тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.