Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Дреново- Кавадарци откако автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот.
Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.
Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош со зборовите “гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.