Новинарот Фуркан Салиу, бара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило, со оглед дека тој не бил присутен, како што тврди. Салиу тврди дека отишол на трибините на натпреварот, оти знаел дека ќе има нереди.

„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, велат Салиу.

Појасни дека имало нереди на трибините на натпреварот на кој присуствувал.

„Имаше малку полицајци, многу публика, тоа не е мој проблем. Цел настан почна кога тепаа млад дечко кој седеше до мене, а не направи ништо“, рече Салиу па посочи дека тој ја смирувал публиката.

„Јас навистина не сакам да помислам дека се обидуваат да ме замолчат. Јас се уште не сум ја завршил изјавата овдека“, додава Салиу.

Вели дека му се избришани снимки но најави дека ќе се обиде да ги врати и да ја докаже вистината.

„Ова е грда слика на полицијата што ја гледаме со години“, рече тој во изјава за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.