Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, вчера во 17.12 часот било пријавено дека на улица „Козара“, две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил изгаснат и нема повредени лица. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок – бомба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.