Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (33) од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во Р.П. (64) од село Луке, Крива Паланка. По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот.

МВР соопшти дека е извршен увид од Јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.