Вчеравечер во 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.