Во четвртокот, околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.