Вчера во 16.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Е.(28) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола се однесувал агресивно и попречувал полициски службеник во вршење на службени дејствија.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.