МВР ноќеска на подрачјето на Бит Пазар приведе двајца дилери, а вчера, на подрачјето на Чаир лиши од слобода и едно лице за извршена тешка кражба.

Кај дилерите А.Ц.(28) и А.А.(31), двајцата од Скопје, биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.

А.Ѓ. (21), пак, од Скопје, е крадецот кој извршил тешка кражба во продавница лоцирана на улицата „Хаџи Јованов Шишко“ на 1 јануари годинава.

Како што соопшти МВР, во службен разговор со полицијата А.Ѓ. рекол дека кривичното дело го извршил заедно со Л.М.(19) од Скопје кој живеел во Велес и дека одземените предмети ги продал на Ѓ.Ј.(34) од Скопје. Извршен е службен разговор и со Ѓ.Ј.. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.