Полициски службеници од СВР Битола вчера ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. Како што соопштува МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени.
На ул.„Дебарска“ во Битола, пак, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И..
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.