На 3 април во 10.40 часот во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште.

Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19.00 до 19.30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово.

Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото.

Од СВР Тетово велат дкеа по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во пожарот целосно изгорела викендицата, а пламените ја зафатиле и соседната викендица, сопственост на А.К.(74) од Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.