Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево вчера го лишиле од слобода У.Ш. (31) од Скопје, поради сомнение дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, со закана кон вработената одзел пари.
Како што известуваат од МВР, кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, при што, лицето е приведено во полициска станица. По преземени мерки и активности, тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје извршил дополонителни пет кривични дела.
По целосно документирање на сите кривични дела, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.