Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопштуваат оттаму додавајќи дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.

Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР, споделувајќи и фотографија од радарот кој улови несовесен возач кој „леташе“ низ Скопје со 167км/час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.