Бегалец од затвор денеска бил приведен од страна на полициски службеници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во центарот на Скопје го приведоа 31-годишниот скопјанец С.А., кој бил баран со потерница по наредба од КПУ „Идризово“ поради бегство од затворот. С.А. е осуден на казна затвор од 6 години и 6 месеци во врска со член 236 од КЗ, а за доиздржување му преостануваат 2 години, 8 месеци и 21 ден, се појаснува во соопштението.

Лицето ќе биде предадено на КПУ „Идризово“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.