Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба синоќа на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил осуден на 13 години и пет месеци казна затвор за сторени кривични дела по член 237 (Разбојништво) , член 215 (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) и член 236 (Тешка кражба) од Кривичниот законик, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.