Вчеравечер околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од скопско поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари.

При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.