Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 25-годишно лице кое се барало со централна потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста врз овластено лице“.
На 9 март 2022 година во 14:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ч.(25) од село Лојане, липковско. Тој се барал со централна потерница за издржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 123 ст.1 „убиство во обид“ и чл.144 „загрозување на сигурноста врз овластено лице“ од Кривичниот законик, соопшти МВР.
В.Ч. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.