Едно лице загина во тешката сообраќајка поради која вчера беше во прекин сообраќајот на патот Битола-Ресен.

Како што соопшти МВР, во 19.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола–Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани-ресенско и патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(60) од Охрид.

Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола каде возачот Г.С. починал.

Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од двете возила.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.