Во полициска акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на скопско Арачиново, вчера е лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите.

Полициски службеници од СВР Скопје –  Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Одделение за Потраги и Одделот за специјални полициски операции во извршената контрола кај него пронашле пиштол „ТТ” и рамка со осум куршуми.

– Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.