Синоќа после полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втори кат од зграда во Скопје, објави Телма.

Веста за Утринската програма на Телма ја соопшти д-р Караманов од Итната медицинска помош.

Детето е пренесено на Урегнтен центар, нема тешки телесни повреди и е свесно. Засега нема информации како се случила несреќата.

Според првичните информации, несреќата се случила во Аеродром, а по првиот повик до Итната помош, блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански каде има дежурен лекар и пункт на Итната помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.