Вторникот навечер се случија две тепачки во кои учествуваа скопјанки.

Прво во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 38-годишната А.М. од Скопје и 39-годишната Ш.М. од с.Трубарево, скопско.

Околу полноќ, пак, во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40-годишната А.М. и 20-годишната Р.Б. од една страна и 21-годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајите ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.